Фантастичниот колумбиски напаѓач Фаустино Асприља зборуваше за интересни моменти од својата кариера, а издвои неколку случи додека играше за Парма и за Њукасл. Асприља играше за Парма од 1992 до 1996 година, а потоа замина во Њукасл, за подоцна пак да се врати во редовите на „млекарите“ во 1998 година.

Асприља во разговор со екс-соиграчот од Парма Фабио Канаваро се присетуваше на деновите во Парма.

Бевме група на лудаци, ти, јас, Мели, Стоичков, Крипа и Џиџи Буфон. Невио Скала (тренерот) не тераше наутро да шетаме, а јас едно утро бев толку поспан што паднав во езеро. Се сеќавам кога се кладевме дали Антонио Бенариво ќе скокне во замрзнат базен. Собравме пет милиони лири (сега тоа би изнесувало околу 2,500 евра) и тој скокна“, раскажува Асприља.

Кога Малезани беше тренер строго беше забрането скокање во базен. Следеше капки вода и одеше од соба до соба да го најде тој што скокнал во базен. А јас влегов во секоја соба и оставив траги. Успеав да се извлечам. Еден ден Малезани ме повика и ми рече дека морам да се променам. Издржав само два дена, а потоа се вратив во нормална состојба. Една вечер седевме на маса, Муси десно од мене, а Креспо и Верон лево од мене. Земав парче месо, ставив лут сос и му го понудив на Креспо. Тој не виде што направив, касна од месото и почна да плука. Цела вечер ме пцуеше“, изјави Колумбиецот.

Асприља се присети и на невкусна шега на негова сметка, а му ја сместил Алан Ширер во Њукасл.

Бевме во Лондон, требаше да играме со Арсенал. Јас разговарав на телефон со девојка ми. Слушнав некој тропа на врата. И реков на девојка ми да почека, малку подотворив да ѕирнам кој е, а Ширер ме испрска со апарат за гаснење пожар. Ништо не гледав. Трчав по собата. Следниот ден игравме со Арсенал, а јас ништо не гледав“, рече Асприља.