Германската Бундес-лига треба да продолжи на 15. овој месец, тимовите на големо се подготвуваат за преостанатиот дел од битката за титулата.

Добро е познато дека сите треба да почитуваат бројни правила доколку сакаат овој обид да го вратат фудбалот во Германија да биде успешен. А дека се ригорозни и ќе ги казнуваат оние кои нема да ги почитуваат мерките, говори и најновото правило.

Доколку на еден од стадионите се забележи присуство на публика, домаќинот ќе биде убаво казнет. Без разлика на резултатот, трите бодат ќе одат на контото на гостите.