Навивачите на кошаркарскиот клуб Работнички, Сити Парк Бојс, го реставрираа познатиот графит посветен на нашиот револуционер Гоце Делчев. Пред неколку дена беше тема, односно се направи непотребна тема околу ова и наводното намерно бришење на графитот (!?), па мораа Сити Парк Бојс да реагираат и преку својот официјален профил да појаснат за што станува збор. Едноставно на графитот му требаше обновување и тоа е тоа.

Новиот изглед е веќе готов, може слободно да се каже изгледа и поубаво од претходно и преку овој текст и ние порачуваме дека доволно нашето општество, а со самото тоа и спортот е под влијание на политиката, па нека ова биде повод еднаш засекогаш да се престане со тоа и да се замине во сосема нов правец, каде спортот конечно ќе биде главна тема онака како што и треба да биде.