Поранешниот бразилски интернационалец Денилсон не е среќен со идејата Ботафого да го врати од пензија холандскиот крилен фудбалер Арјен Робен. Претседателот на бразилскиот клуб Рикардо Ротенберг потврди дека зборувал со агентот на Робен и му понудил договор. 36-годишниот играч се пензионира минатото лето, а Ротенберг се надева дека ќе се врати од пензија и барем уште една сезона ќе одигра фудбал.

Фудбалот не е шега. А очигледно на Ротенберг му е до шега. Ако веќе го носиме Робен, да го донесеме и Бетмен. И тој исто така е во пензија. Фановите на Ботафого не заслужуваат некој да се мајтапи со нив“, вели Денилсон кој минатата година потпиша за Ботафото, а претходно играше за Сао Пауло и Арсенал.