Иако уште нема официјално потврда од УЕФА, сепак одредени медиуми во Европа веќе наголемо пишуваат за распоредот на одигрување на завршницата во Лигата на Шампионите во август.

Ќе се почне од 7 август, а потоа речиси секој трет ден ќе има натпревар и така се до 29 август кога е закажано големото финале во Истанбул. Во продолжение можете да ги видите датумите на кои ќе се играат реваншите од осминафиналето, потоа четвтртфиналето, полуфиналето и секако големото финале. 

Се ова ќе биде збиено во само 22 дена..

РАСПОРЕД:

(осминафинале реванши)

7 август: Јувентус – Лион, Сити – Реал

8 август: Барселона – Наполи, Баерн Минхен – Челзи

(четвртфинале)

11 и 12 август (први мечеви)

14 и 15 август (реванши)

(полуфинале)

18 и 19 август (први мечеви)

21 и 22 август (реванши)

ФИНАЛЕ

29 АВГУСТ ВО ИСТАНБУЛ