Матео Мараш дефинитивно во следниот период ќе го нови дресот на Еурофарм Пелистер. Битолчани го потврдија трансферот на Мараш со објава на социјалните мрежи, што е само  заверка на она што претходно беше најавено.

Хрватот е млад и талентиран бек кој во Битола треба да ја доживее што се вели својата потполна афирмација и да се избори за стандардно место во тимот. Конкуренцијата е силна но, тој е доведен како квалитетно засилување, и нормално е да се има големи очекувања за него.