Кога рекордерите се рекордери со години, тогаш се историја, тој е историја родена пред 40 години на денешен ден во Велес.

Тргна од Свети Николе стигна до Нант а некаде помеѓу му се оствари детскиот сон наречен Барселона.

Тој не игра тој живее ракомет.

Со неговиот ракометен сон живеат и 1000 деца од школата за ракомет КЛ7 низ Македонија, кои преку видео пораки на капитенот на машката ракометна репрезентација и најдобриот ракометар роден во Македонија, Кирил Лазаров му го честитаа 40 роденден. Во видеото се и сите младински селекции на КЛ7, играчите од РК “Голден Арт КЛ7” и соработниците на Лазаров. Најголемата ракометна фамилија КЛ7 својата роденденска порака составена од преку 120 видеа ја завршува со зборовите:

“СРЕЌЕН РОДЕНДЕН НАШ НАЈДОБАР, ТЕ САКА ТВОЈА КЛ7 ФАМИЛИЈА”