Во Данска се спремаат за продолжување на фудбалското првенство, меѓутоа без навивачи на трибините. Меѓутоа данскиот клуб Архус сепак ќе има поддршка. Имено, овој прволигаш претстави проект на виртуелна трибина на својот „Церес парк“.

Навивачите ќе можат да резервираат бесплатна влезница за натпреварите и да го следат својот тим преку платформата „Зум“. На истата ќе можат да се приклучат и гостински навивачи но и неутралните навивачи и да го следат мечот.

Нивните лица ќе се појават на големи видеоѕидови на трибините кои во реално време ќе гледаат фудбал и ќе навиваат. Фудбалерите ќе се чувствуваат како да има навивачи на трибините.