Некогашниот олимпиец на Соединетите Американски Држави во боб санкање Павле Јовановиќ извршил самоубиство на 43 години. Јовановиќ е поранешен член на боб репрезентацијата на САД на Зимските олимписки игри во Торино 2006 година, а претходно во 2004 година со американската селекција освои бронзен медал на Светското првенство во германски Кенигсег. Кон крајот на кариерата бил и српски репрезентативец во боб санкање.

За смртта на Јовановиќ откри неговиот поранешен колега Стив Меслер.

„Моја лична легенда, човек кој во спортот постави стандарди на концентрација, посветеност и труд си го одзеде животот на 43 години“, објави Меслер.

Јовановиќ е роден во Њу Џерси од српски родители, а во кариерата освоил 19 медали од разни натпреварувања. Причината за самоубиството засега не се познати.