Се чини дека ќе почекаме уште три месеци до продолжување на Лигата на Шампионите, барем такви се најавите од Франција. Првиот човек на Лион, Жан Мишел –Ола, синоќа изјавил дека реванш мечот од 1/8 финалето меѓу Јувентус и Лион, ќе се играл во Торино, и тоа на 7 август, и тоа без присуство на публика. Во оваа фаза има да се одиграат уште три меча. Сето ова значи дека завршницата во ЛШ ќе се игра во текот на целиот август, а можеби ќе фати и во септември. Се разбира само ако некои работи се одвиваат според планираното. Тоа значи дека термините за четвтртфиналето, полуфиналето и самото финале треба да бидат збиени.

Исто така интересно е што веројатно во исто време ќе се играат квалификациите во ЛШ и ЛЕ за наредната сезона и завршницата од ЛШ и ЛЕ од оваа сезона. Има многу зошто и како, но најголем проблем ќе биде како оние клубови, како Лион и ПСЖ на пример, би играле во август во ЛШ ако се знае дека во Франција заврши сезоната.

Најавите се 7 август, но ајде да почекаме на официјалната одлука  од страна на УЕФА.