Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров денеска слави јубилеј, го прославува 40-от роденден.

Бројките, делата…доволно говорат за тежината на неговото име. Со Кире почнува и завршува секоја наша ракометна репрезентативна бајка. Тој е голем професионалец, може да се каже и најголем што го имала Македонија.

И со 40 години е класа, лидер, вистински капитен, борец…

Тој е наша, но и светска легенда, пример и инспирација за младите, херој на секоја генерација, икона на терените на која му се поклониле и поклонуваат и најголемите. Кире е ноќна мора за голманите и бомбардер над бомбардерите…

Еднаш се раѓа ваков капитен, а наша среќа е што го имаме и ќе го имаме уште. Тој кој е миленик на публиката, идол на цела Македонија, но и во светот.

Бајката на Кире почна во Египет и треба да продолжи во јануари во Египет.

Срце на терен и секогаш со последен атом за Македонија – Среќен роденден капитену наш Македонски!!!