Швајцарската тенисерка Ромина Опранди мораше да стави крај на кариерата поради честите повреди. Иако долго време одбиваше да се откаже, меѓутоа, сега на 34 години чувствува дека не може повеќе да издржи и одлучи да ја заврши кариерата. Бројните повреди не и дозволија да направи кариера каква што посакувала. Дури 16 операции имала Опранди во текот на кариерата. Најголем проблем и преставувало рамото.

„Тоа почна да ми смета во секојдневниот живот. Морав да пазам што работам. Од секогаш живеев во страв дека нешто ќе тргне на лошо“, изјави Опранди која најголемиот успех го остварила пред седум години кога била 32. тенисерка на светот.

На Гренд слем турнирите успеала да стигне до третото коло на Австралија опен во 2012 година.

Инаку последниот настап го имаше минатата година во Бреша, а ја заврши кариерата на 838 место на ВТА листата, но сигурно ќе биде запамтена како тенисерка со најмногу повреди во кариерата.