Место спектакл меѓу Хабиб Нурмагомедов, синоќа во Џексонвил, покрај другите борби, се одржа и УФЦ – 249 битката во лесна категорија меѓу Џастин Гаетје и Тони Фергусон.

Во текот на целиот меч, кој се одржа под посебни мерки поради коронавирусот, Гаетје беше подобар, просто го искрши Фергусон, несудениот ривал на Дагестанецот. Тој со технички нокаут во 5 рунда упеа да го победи Фергусон. Откако беше прогласен за привремен светски првак и му беше доделен појас, УФЦ борецот од САД го отфрли појасот и посочи дека го чека оној вистинскиот, мислејќи на борбата со Хабиб Нурмагомедов.

“Го чекам вистинскиот појас. За мене Хабиб е најдобриот борец во светот, но јас од својата четврта година се подготвувам за вакви предизвици. Горд сум што ќе можам да се натпреварувам со Хабиб, што ќе ја претставувам својата земја САД против Дагестанецот“, изјави Гаетје.

Инаку Хабиб по ова борба немаше некој посебен коментар, само напиша на својот Твитер…

„Гаетје, ова е импресивно. Секоја чест, паметна борба“.

Па така сега сите го очекуваме дуелот меѓу Хабиб и Гаетје.