Откако прописно „изеде ќотек“ во синоќешната УФЦ борба во Џексонвил, САД, од Џајстин Гаетје, Тони Фергусон заврши во болница. Откако беше нокаутиран, мораше да биде пренесен во болница и темелно да биде прегледан.

„Не изгледаше добро, и замина веднаш во болница да го прегледаат“изјави Дејна Вајт.

Фергусон имаше голема исекотина под левото око, а нормално е по толку силно примени удари да му бидат направени и детални внатрешни прегледи.

Тој го претрпе првиот пораз по 2012 година и барем засега ја загуби можноста да се бори Кабиб Нурмагомедов.