Најавата дека Мајк Тајсон можеби ќе се врати активно да боксува веќе не е само новинарска шпекулација, туку сериозна опција. Тајсон сериозно тренира, одамна не бил во ваква физичка состојба, речиси подготвен за настап, и иако има полни 53 години сепак, тој самиот вели дека има намера да направи сензационален кам бек.

„Влегувам во форма, се чувствувам незадржливо. Боговите на војната го запалија моето его, и сакаат повторно да војувам. Замислите како би изгледал кога повторно би се борел во името на сиромашните на кои сакам да им помогнам“ – изјави Тајсон чии борби и профит од истите би биле во името на сиромашните.

Од друга страна пак, познатиот промотор на боксерски мечеви Френк Ворен не е премногу одушевен од оваа идеја и го спушта што се вели Тајсон на земја.

„Не знам кој би му издал лиценца за настап на 53 години. Освен ако тоа секако не е некаков егзибиционен меч. Знам дека оваа ситуација, рестрикциите и е што се случува на сите ни влијае на психата, и дека многу се фантазира. Доколку навистина се врати ќе биде посрамотен, ќе биде претепан“ – вели Ворен.

Тајсон веќе на големо добива понуди за борба, а најголемата досега е од компанијата Бер Накл и изнесува 20 милиони евра, но за борба без ракавици.