Московска ЦСКА се спрема да го засили ростерот за наредната сезона и желбата им е да го донесат најдобриот асистент во Евролигата Ник Калатес кој моментално игра за Панатинаикос. Калатес веќе три сезони по ред во просек бележи најмногу асистенции во најсилното кошаркарско натпреварување во Европа.

Нивниот сегашен прв избор Мајк Џејмс бележи во просек по 4,29 асистенции, а Калатес во Панатинаикос бележи речиси двојно повеќе (9,11). За грчкиот репрезентативец роден во САД интерес има и од Реал Мадрид и Ефес, секако доколку тие останат без своите главни асистенти Кампацо (Реал) и Мициќ (Ефес) за кои се зборува дека ќе одат во НБА.

Калатес има договор со атинскиот тим на уште една година. Со Панатинаикос беше шампион на Европа во 2011 година, а кратко се проба во НБА, па се врати на „стариот континент“.