Шекил О`Нил, еден од најдобрите центри во историјата на НБА, кошаркарот кој со ЛА Лејкерси освои голем број шампионски престени, заедно со Коби Брајант, смета дека најдобро е сезоната во НБА да се откаже. Поточно воопшто да не продолжи:

“Најдобро е сезоната да се откаже, да се погрижиме за луѓето во овој спорт. Најважна е сигурноста на играчите. Едноставно мразам кога ќе слушнам за тоа да се продолжи да се игра“ вели Шек.

Тој смета дека некои екипи, некои играчи, со оглед на тоа дека НБА не се игра два месеци, се надвор од формата, од потребниот ритам.

“Токму затоа и говорам. А што ако некој ја освои титулата е на ја заслужил? Затоа сметам дека веќе мора да мислиме на следната сезона, оваа 2019/2020 да ја заборавиме. Рано е за НБА во овој момент“ порачува Шекил.