Во Скопје, во Македонија, гостувале и играле со наши клубови познати европски и светски клубови. Секако мислиме на Ливерпул, Лацио, Рома, Бордо, Фенербахче, ЦСКА Москва, Стеауа…, сепак најтрофеен клуб што некогаш играл со наша екипа, тоа е Милан. Гигантот од “Сан Сиро“ има освоено седум пехари во ЛШ, и по Реал Мадрид е најтрофејниот.

И тој Милан на 24 август 2017 година, во рамките на реваншот во плеј-офот во Лигата на Европа, и гостуваше на нашата Шкендија која сепак не успеа да дојде барем до реми. Да потсетиме дека на првиот меч во Милано, на „Сан Сиро“ тетовци доживеаја дебакл и пораз од 0:6, па така реваншот беше само за уживање во еден добар натпревар. Тетовци во Скопје одиграа солидно, имаа и шанси, имаа и поддршка од 25.000 фанови, кои дојдоа да го гледаат и италијанскиот клуб, но на крајот загубија со 0:1.

Тогашниот тренер на Милан Винченцо Монтела во Скопје настапи со познати имиња, покрај другите тука беа Бонучи, Шторари, Кутроне, Сусо, Ромањоли, Андре Силва, Локатели…

За Шкендија настапија, односно тогашниот стратег Ќатип Османи, им даде шанса на Захов,Бејтулаи, Алими, Теќа, Цуцули, Б. Ибраими, Тотре, Хасани, Челиковиќ, Радески, Тодоровски, а играа и Мурати, Фазлагиќ, Абдурахими.

Тоа беше убава фудбалска вечер, убава атмосфера. Вечер за паметење, кога Шкендија одигра со вториот најтрофеен клуб во Европа.