Златан Ибрахимовиќ веројатно ќе потпише со шведскиот клуб Хамарби за кој тренираше во изминатите неколку недели за да ја одржи формата. Шведскиот фудбалски ас е ко-сопственик на овој клуб, а многу е веројатно еден ден да заигра за „зелените“ од Стокхолм.

А тоа може да се случи уште летоска. Ибрахимовиќ има договор со Милан и ќе го одработи, а истиот нема да го продолжи. Тоа значи дека ќе оди во друг клуб, а спортскиот директор на шведскиот прволигаш Јеспер Јансон вели дека тоа ќе биде летоска.

Мислам дека Златан ќе потпише за нашиот клуб. До сега не кажал ништо конкретно околу темата, и јас со сигурност не треба да му кажам дека го сакаме во нашиот тим. Според мене тој ќе се врати во нашиот клуб. Знам дека не открива ништо, освен ако не е 100% сигурен. Ние ќе бидеме многу среќни, ако се согласи да заигра за нас“, изјави Јансон за локалниот весник “Expressen“.

Пред да тргне во освојување на Европа, Ибрахимовиќ играше за Малме.