Нема што, понекогаш фудбалерите, оние најдобрите, најскапо платените, како богатството да им го поматува разумот.

Како може да се објасни потегот на Хуго Лорис, голманот на Тотенхем и француската репрезентација, кој дал 17.000 евра и си купил куче. Па тоа златно ли е, или од расата германски овчар, како што се гледа од фотографијата?

Медиумите во Англија, Шпанија, Франција, навистина се запрепастени за сумата која Лорис ја издвоил за своето ново домашно милениче.

Секако дека ова е најскапото куче во светот. А Лорис ова купување го правда со тоа дека во населбата каде што живее во Лондон, во последно време зачестиле кражбите и разбојничките напади. Па сакал да го заштити своето семејство.

Нема што, тој германски овчар кој вреди 17.000 евра мора да е нешто посебно.