Некогашниот и сегашниот капитен на Динамо, Гоце Седлоски и Аријан Адеми се најдоа во изборот на најдобриот тим на „модрите“ од Загреб, од тим составен од оној кој го водеше Јосип Куже, и сегашниот на Ненад Бјелица, направен од хрватскиот портал „Индекс“.

Македонците во конкуренција со многу играчи кои беа дел од Динамо во таа генерација, и сегашната во која Адеми е еден од најдобрите.

Седлоски во одбраната се најде во друштво со Роберт Ковач и Дарио Шимиќ, подоцна двајцата играа во Бундеслигата, односно во Серија „А“.

Во средината на теренот, пак, Адеми е во „елитно“ друштво со Олмо и со Просинечки, како и Мариќ. Видука, Бошњак и Едуардо се во нападот на овој тим составен од оние кои играа под водство на Куже и Бјелица. На голот е Иван Келава.

Токму Адеми и Олмо се само од оваа сегашна екипа на Динамо, иако Олмо пред неколку месеци се пресели во Лајпциг.