Прославениот хрватски кошаркар Тони Кукоч зборуваше за тоа како ја гледа денешната кошарка. Тој одговараше на прашања на навивачите на платформата „Reddit“, а едно беше како ја гледа денешната НБА.

Во кошарката веќе не ви е потребен плејмејкер, некој кого секогаш го барате да ја пренесе топката на противничката половина. Во оваа ера има многу играчи со многу различни вештини, па така екипите ќе згрешат ако бараат плејмејкер кој може да ја пренесе топката напред и да организира напад“, смета Кукоч кој додаде дека, според него, најдобар играч во НБА е Кевин Дурент.