Капитенот на младата репрезентација на Македонија, Милан Ристовски и неговиот клупски колега Мидат Галбаев учевствуваа во акција во која делеа заштитни маски за граѓаните на Нитра.

Ристовски во моментов настапува за истоимениот клуб во Словачка, и може да се каже дека одлично се снаоѓа. Постигна доста голови, клубот е задоволен од него, а и Ристовски зборува со суперлативи за престојот во Словачка. Тој е еден од најдобрите играчи на овој клуб во моментов, и нормално е што е дел од вакви акции ки се во организација на ФК Нитра.