Филип Миркуловски остана во Германија за време на пандемијата коронавирус. Додека трае битката со невидливиот непријател, неговиот тим Вецлар постојано ги анимира фановите, но и им дава поддршка во овие тешки денови надевајќи се дека одново ќе бидат заедно, тие на трибините, ракометарите на теренот.

Денеска порака испрати некогашниот македонски репрезентативец.

„Спортот е вистински баланс во овие тешки денови. Чувајте се ментално и физичко, излезете здрави од корона кризата“.