Тенисот полека се враќа на терените, во исчекување на одлуката околу продолжувањето на турнирите, во центарот на вниманието се најдоа Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

И двајцата се наоѓаат во Шпанија, една од замјите која беше погодена од пандемијата коронавирус. Но, додека Надал од денеска ќе може да почне со тренинзи под олеснителни мерки, Ѓоковиќ ќе мора да почека.

Причината е поделбата на зоните во оваа земја. Надал ќе се наоѓа во Мајорка која се наоѓа во зоната 1, што значи попуштање на мерките во спортот. Шпанскиот тенисер ќе може да тренира под посебни услови, сопствена топка, ќе мора да користи ракавици, маска…

За разлика од него, Ноле се наоѓа во Марбеља која се наоѓа во зона 0 и не е доволено ваков вид на тренинг.