Братфорд Сити е англиски клуб кој моментално игра во четвртата дивизија. Сепак, тоа е клуб со традиција, а некогаш играше и во Премиер лигата (1999 година), финале во Лига купот (2013)…

Сепак за овој клуб е врзана и една голема трагедија. Трагедија ги погодил клубот и навивачите кои на 11 мај 1985 година дошле да го гледаат мечот со Линколн Сити. Братфорд веќе имал обезбедено пласман во Втората дивизија, а Линколн се спасил од испаѓање. Значи натпревар без големо значење кое се претворил во трагедија.

Тој ден околу 11.000 луѓе дошле на стадионот „Вали парад“ (двојно повеќе) за да му честитаат на тимот промоција во повисок ранг. Кога првото полувреме завршило, забележан бил оган на едната трибина. Дрвениот под се запалил и горел многу брзо. Настанала паника, некои преку оградата се симнале на теренот, некои трчале кон тесните излези каде настанала голема мешаница, некои бегале преку прозорците од тоалетите.

А поради ветрот, пламените јазли ја „проголтале“ цела трибина за две минути. Билансот бил 56 загинати, повеќето деца и повозрасни луѓе, а на повеќе од 2.000 луѓе им била укажана лекарска помош поради изгореници или скршеници. Би имало и повеќе жртви ако имало ограда помеѓу трибините и теренот како што е на други места во Европа.

Коментаторот Тони Делаханти прво видел мал дим на трибината и мислел дека е димна бомба активирана од навивач. Додека сфатил за што се работи, трибината веќе била во пламен.

Истрагата покажала дека пожарот е случаен. Официјалната верзија е дека неизгаснета цигара или шкорче фрлена на дрвениот под е причинител за една од најголемите несреќи во историјата на англискиот фудбал.

Bradford City Football Stand - 1985

 

Bradford City Football Stand - 1985