Навивачите на ПСЖ стравуваат дека ќе останат без Нејмар откако Барселона сериозно „загриза“ да го врати, но се чини тоа нема да се случи.

Андер Херера вели дека Бразилецот е среќен и ќе остане во Париз.

„Нејмар и Мбапе се чувствуваат исполнето. Се видов со Нејмер пред карантинот, ми кажа дека е целосно вклучен во овој проект, но и дека е многу среќен во Париз“.

ПСЖ за неговите услуги на Барселона и исплати 222 милиони евра, а Бразилецот постана еден од најплатените фудбалери во историјата со заработка од 37 милиони евра по сезона.

Нејмар за францускиот првак одигра само 80 натпревари од можни 155 во претходните три сезони.