Пливачка Федерација на Северна Македонија, како активен член во ФИНА, по втор пат (прв пат 2019г – Куманово) е организатор на Светски Ден на Водени Спортови.

Овој пат, Охрид заедно со Охридско Езеро и Олимписки Базен-Билјанини Извори се домаќини на Светски ден на водени спортови, на 16ти Август (Недела) со почеток во 11ч.

На овој настан покрај наши пливачи, тренери со ФИНА лиценца, потврдено учество како специјални гости имаат и неколку светски и европски прваци во пливање и далечинско пливање, како и реномирани светски тренерски имиња.