На повидок е нова преселба на „бомбардерот“ Адис Јаховиќ кој според турските медиуми од следната сезона би требало да го гледаме во дресот на Ризеспор.

Робусниот голгетер зимава замина од Малатиа во Анталија. Како што бива и во новата средина Адис игра фантастино, дава голови, клубот победува…

Ризеспор е тим од долниот дел на табелата кој се бори грчевито за опстанок во лигата. Турскиот шампионат како и повеќето во Европа се блокирани поради коронавирусот. Според челните луѓе на Ризеспор тие нема да штедат за услугите на 33 годишниот фудбалер од Македонија кој зад себе има блескави настапи за екипите на Гезтепе, Коњаспор, Малатиа и Анталиаспор.

Токму во Адис Јаховиќ се гледа како на замена за Ведат Муричи кој лани играше за Ризе па замина во Фенербахче а сега е пред трансфер во Тотенхем.