Пилотот на Рено, Даниел Рикардо очекува вистински хаос на првата трка за 2020 година, бидејќи долгата пауза ќе влијае на возачите. Засега, првиот старт сезонава треба да биде на 5 јули во Австрија, доколку пандемијата „Ковид-19“ не бара нови одложувања.

„Тоа ќе биде еден вид хаос, се надевам само дека ќе биде контролиран“, рече Рикардо во интервјуто за радио БиБиСи. „Не мислам дека ќе има расфрлани автомобили насекаде. Но, ќе има многу ‘рѓа во комбинација со емоции, возбуда и решителност“.

„Сите ќе бидат инспирирани за почетокот. Луѓето кои ќе возат со висок адреналин ќе се мешаат со оние што нема да бидат такви. Ќе има смело претекнување, ќе има лоши пресуди. Во принцип, очекувам малку од сè”, дополни пилотот на Рено.