Кошаркарскиот шампионат на Турција нема да продолжи. Прогласен е крај односно истиот е поништен и нема да се доигра.

Со ова автоматски е решено и дека нема да има испаѓање од лигата, но нема да има ниту прогласување на шампион.

Се очекува сега реакцијата на двата најголеми клубови, Фенербахче и Ефеспилсен, кои во исто време чекаат и одлука околу завршницата и на годинешната сезона на Евролига.