Откако „изеде ќотек“ во УФЦ борба во Џексонвил, САД, од Џајстин Гаетје, Тони Фергусон заврши во болница. Гаетје изненади со фантастична борба, на крајот заслужено го освои појасот во лесна категорија.

По поразот многумина се „насладуваа“, тераа сеир на сметка на Фергусон. За очекување беше истото да го стори Хабиб Нурмагомедов, кој па ја воодушеви јавноста.

„Што и да се случи останува во минатото. Главата горе Тони, се надевам дека сте добро, ти и твоето семејство. Кога твојот син ќе порасне, сигурно ќе биде горд на тебе“, пиша Хабиб на „Твитер“.