Навистина што се случува со најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ. По се изгледа дека во време на карантинот по повод Ковид-19, не се прослави премногу.

Прво со вакцините за коронавирусот, а оваа најновата е толку шокантна што целиот свет се прашува што му е на Ноле. 

Тој не крие дека е голем верник, дека верува во Господ, но некои негови изјави навистина го оставаат нормалниот човек да биде и шокиран, па и запрепастен.

Еве го најновиот “БИСЕР“ на српскиот тенисер:

“Внатрешната врска навистина е присутна и треба да се свесен за тоа во моментот кога пиеш вода. Гледав луѓе, знам за некои луѓе кои со енергетска трансформација, со помош на молитва, успеваат и најотровната, и најзагадената вода да ја претворат во лековита. Водата реагира, а научниците тврдат и тоа го имаат докажано, дека молекулите на водата реагираат на нашите емоции, на тоа што се говори“ изјавил Новак.