Шпанскиот тренер Антони Тони Џерона, ќе биде новиот селектор на Србија, пренесува „Моцарт Спорт“.

Името на овој тренер се споменуваше како наследник на Ненад Перуничиќ на клупите на „орлите“ и решени се веќе дилемите. Џерона треба после пандемијата кога ќе бидат отворени границите, да пристигне во Белград, и да потпише со ракометната федерација.

Џерона во минатото бил дел од Барселона како асистент и прв тренер на Б тимот. Потоа ги водел катарскиот Ел Џаиш каде соработувал со екс голманот на Металург, Дарко Станиќ. Тој бил селектор на Тунис со кој стана првак на Африка, а во моментов ја води екипата на Шартро од Франција.

Тој ќе се обиде да ја поправи ситуацијата со селекцијата, која на последните два собири ги завземаше последните места.