Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт најавија реализација на нов спортски проект во градот, а тоа е изградба на кошаркарско (баскет) игралиште во некогашната касарна „Михајло Апостолски“.

Игралиштето ќе биде со димензии 22м. на 22м. и површина од 422 м2. На него ќе има специјална подлога за играње кошарка, а ќе бидат поставени рефлектори, соодветни спортски реквизити, канти за отпадоци и клупи, велат од општината.