Во последно време многу се шпекулира околу иднината на Гонзало Игуаин. Иако тој ужива голема доверба во Маурицио Сари, сепак, фактот што Јувентус бара напаѓач, говори дека можно е работите да се сменат идната сезона.

Игуаин има понуда од неколку клубови, меѓу кои се Атлетик Билбао, а исто така има и од МЛС лигата како Мајами и Галакси.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека не е исклучено ниту Гонзало да ја заврши кариерата, иако во декември ќе наполни 33 години. Тие се потпираат на фактот дека Игуаин сигурно го напушта Торино, и дека Атлетик се откажал од негов ангажман.

„Во Америка не би одел, а има понуди и од Аргентина, но таму би трпел огромен притисок. Затоа не е исклучено да стави крај на кариерата ова лето“, пишува „Газета“.