Добра вет од Нион за нашите клубови кои би се избориле за играње ова лето во Европа. Откако вчера англискиот “Тајмс“ искочи со “екслузива“ дека УЕФА има намера, со оглед на ситуацијата си коронавирусот, да ги скрати или укине квалификациите за Лигата на Шампионите и Лигата на Европа, веднаш демант од европската Куќа на фудбалот.

Во соопштението, покрај другото се вели и дека УЕФА никогаш немала намера да ги лиши клубовите од квалификации и шанса да се борат за влез во групната фаза во Лигата на Шампионите, како и во Лигата на Европа. На таа тема, или за такво нешто во УЕФА не се размислувало и дека засега се следи ситуацијата во Европа со Ковид-19, и дека не е разгледувана ниту една опција како би се играле квалификациите во ЛШ и ЛЕ.