Голема бура во тенискиот свет предизвика изјавата и одлуката на Австралијанецот Доминик Тим дека нема намера да дава пари и да им помага на послабо рангираните тенисери.

На оваа одлука имаше многу реакции, а посебно е коментирана онаа на Алжирската тенисерка Инез Абу, за која веројатно не сте слушнале никогаш. Таа е на 620 место на ВТА листата и е далеку од очите на јавноста но со своето писмо со кое му се обрати директно на Тим направи многумина да зборуваат за неа.

„Драг Доминик, ме погодија твоите последни зборови, и затоа се одлучив да го напишам ова писмо. Се надевам дека ќе го промениш твоето мислење по ова мое обраќање затоа што многумина се во ситуацијата во која што сум јас. Немој да ме разбереш погрешно никој тебе не те обвинува за оваа ситуација, националните федерации и меѓународни организации треа да се погрижат за нас. Ова е веројатно моментот кога некои работи треба да се расфетлат“ – напиша Алжирката па продолжи.

„Се прашувам каде ќе беше мојата кариера да бев на твоето место. Да се родев во Австралија наместо во Алжир, да беа моите родители тениски тренери, а пак не те обвинувам тебе за тоа, не бираме каде ќе се родиме. Знаеш ли драг Доминик дека во Алжир нема турнири за јуниори, нема ниту еден професионален турнир,ниту пак професионален тренер? Нема ниту една сала за играње тенис, кога ќе заврне морам својот бекхенд да го тренирам во теретана. Зборуваш за спонзори? Такво нешто во Алжир не постои. Си замислувам како е да се има помош од физиотерапевт, психолог, стручен штаб, теренот треба да одлучи за мене и мојата кариера, а не парите и спонзорите. Тоа не е фер. Успеавме да преживееме без твоите пари досега, ќе преживееме и понатаму, никој не те прозва тебе да судиш за другите“ – рече Инес Абу, која за ова доби поддршка од Венус Вилијамс, Ник Кирјос….