Горан Пандев на своја адреса доби маички од Интер, со потсетување на незаборавната 2010 година кога овој тим ја освои тројната круна: Скудетото, Купот на Италија и Лигата на шампионите.

Пандев беше дел од тој тим, а тој ова го објави на својот профил на Инстаграм каде што се заблагодари на својот поранешен клуб за подарокот.

На маичката ја има годината, и трите трофеи кои Интер успеа да ги освои. Оваа година тимот ќе одбележува десетгодишнина од својата најуспешна сезона во историјата.