Конор МекГрегор просто “распали“ на социјалните мрежи во последните два дена против Џастин Гјетџи, новиот светски првак во лесна категорија во УФЦ. Да потсетиме дека Гејтџи со класичен нокаут го победи Тони Фергусон, во борбата во која во рингот требаше да биде Хабиб Нурмагомедов, а не Гејтџи.

Од твоите заби ќе направам гердан за кралот“ беше една од пораките на Конор до Гејтџи. Тој вчера на својот “твитер“ објави дека сака да се бори набргу со Гејтџи, а непријателството доаѓа откако минатата година Американецот го нарече Конор “Срање од човек“.

Секако дека ова е загревање за тоа што претстои. Гетџи не крие дека сака прво борба со Хабиб, иако знае дека од евентуалниот дуел со Конор ќе се заработи многу повеќе пари.