Екс стратегот на Металург, потоа некогашниот селектор на ракометната репрезентација на Македонија, секако и еден од најдобрите ракометни тренери во историјата, Лино Червар, секогаш е интересен за медиумите. Секој негов кажан збор се премерува анализира, детализира.

Хрватот кој беше во неколку пати селектор на својата земја и тренер на ППД Загреб, деновиве кажа дека во 2000 година од финансиски аспект му било најлошо, иако таа година Загреб ја освоил титулата, и таа му била една од најдрагите.

Таа 2000 година познато е дека беше една од најтешките, најкритичните за клубот.Играчите речиси и да не добиваа плати, а јас за цела година добив само 400 германски марки, од кои 100 марки ми бе украдени од ковертот“, изјави популарниот Лино.