Новак Ѓоковиќ одново ја шокираше јавноста, во разговор до Драган Иванов, специјалист за интерна медицина откри дека цели 16 часа не конзумира храна во последните година и пол.

„Би сакал да се зборувам на темата автофагија. Колку и да е важно, овој вид на пост 16-8 е популарен, 16 часа не се јаде, се јаде 8 часа, го применувам, добрите работи почнав да ги чувствувам во последната година и половина, имам многу подобрување во дигестивниот систем, подобро спијам, имам повеќе енергија во текот на денот, имам помалку падови“, изјави Ѓоковиќ.