Капитенот на нашата репрезентација Горан Пандев во интрервју за Кориере Дело Спорт отркрива дека неговиот проштален меч посакува да е пред полни трибини, и да биде поздравен онака како што и заслужува за дваесетгодишната професионална кариера која грото ја мина во Италија.

„Се надевам на полн стадион и овации од трибините“ – вели Пандев, а потоа запрашан за моменталната ситуација, паузата и евентуалното пшродолжување на шампионатот во Италија тој вели.

„Навистина сите сакаме ова да заврши и сите да се вратиме на терен. Се знае што значи фудбалот за нас, буквално се. Нормално сакаме животот најпрво да се врати во нормала, а потоа и фудбалот. Тој позитивно ќе влијае врз сите верувајте“ – вели Пандев па поентира.

„Имам намера да се спасам од испаѓање со Џенова најпрво па ќе видиме потоа, ќе дадам се за овој дрес, овој град и овој клуб ми значи многу“ – истакнува Пандев.