Поранешната југословенска тенисерка Јелена Докиќ откри дека не ја исклучува можноста да му се врати на тенисот.  За време на нејзината тениска кариера, играјќи за Југославија, Србија и потоа Австралија, Докиќ трипати стигна и до четвртфинале на Грен Слем турнирите, а беше и на 4. место на ВТА листата.

Таа се пензионираше во 2014 година, а сега, откако неодамна наполни 37 години, размислува за потенцијално враќање на терените.

„Јас секогаш велам, не се откажувај никогаш“ , изјавила Докиќ.

Враќањето во сингл не е прва опција, но не исклучува враќање во игра на двојки.

„Би сакала да добијам шанса да се вратам на теренот, дури и да е само во двојки или за време на средби на легендите“, рече Јелена, која верува дека може да игра и оваа година.