Уште долго време ќе се пишуваат текстови посветени на несреќата во која загина легендарниот кошаркар Коби Брајант. Трагедијата го погоди целиот свет, следуваше истрага допрва ќе се дознаваат деталите, а сопругата на Коби Брајант, Ванеса веќе поднесе приватна тужба против пилотот и компанијата.

На ова реагираше токму семејството на починатиот пилот, Ара Зобајан кое вели дека ситуацијата е обратна, не е Зобајан виновен туку самите патници кои инсистирале на летот иако временските услови биле лоши.

„Трагедијата е резултат на неодговорните патници. Тие се свесни за ризикот, и опасноста во тој момент,а сепак, одлучуваат да летаат. Временските услови не биле за лет, но патниците инсистирале. Значи, пилотот не може да е крив за несреќата“ – вели семејсвото на Зобајан, а пренесува списанието „Пипл“.