Ударна вест од Германија! Себастијан Фетел ќе го напушти Ферари на крајот на оваа година откако пропаднаа договорите за продолжување на соработката. Според германските медиуми, ваквото сценарио е најизвесно и дека наскоро истото ќе биде потврдено.

Пречка во преговорите била платата. Фетел барал идентична плата како и досгеа додека Ферар му понудиле 20% помалку.

Шпанецот Карлос Сајнц, моментално возач на Мекларен, е меѓу оние кои би можеле да го заменат местото на Фетел. А ако Сајнц го напушти Мекларен неговото место ќе го заземе возачот на Рено Даниел Рикардо.

32-годишниот Фетел во Ферари дојде од 2015 година. Од тогаш па до сега запиша 14 победи и 52 места на подиумот.