Во трката за организатор на завршниот турнир во кошаркарската евролига од денеска има нов кандидат. Според пишувањата на медиумите, Љубљана и Словенија е во преговори со Евролигата за организација на завршниот турнир.

Засега Белград и Србија се споменуваат како главни кандидати во трката за организатор, но Словенците спреку Цедевита Олимпија почнале преговори и ја понудиле салата за да се играат завршните сезонски дуели.

Евролигата ќе донесе конечна одлука за организатор на турнирот на 24 мај, а планот е сите 18 клубови во еден град да ги одиграат преостанатите 54 натпревари од регуларната сезона, а потоа да се преселат во плеј-офот и Ф4 турнирот.