Даниел Георгиевски, македонскиот интернационалец во далечната и за него родна Австралија даде многу интересна изјава за тамошните медиуми, а беше пренесена во Романија. Георгиевски вели дека доколку е повикан од страна на Џиџи Бекали, првиот човек на Стеауа сегашна, ФКСБ, дека без размислување ќе ја прифати понудата и ќе се врати во Европа. Тој своевремено беше дел од овој клуб и ги мина најубавите фудбалски години во Романија.

„Се шегувате? Нормално дека без размислување би прифатил, не можам да го одбијам Џиџи Бекали“ – изјави Георгиевски кој сега настапува во шампионатот на Австралија, во тимот на Вестерн Сиднеј Вондерерс.