Фудбалерот на Тотенхем, Дели Али доживеал непријатност во неговиот дом и тоа за време на грабеж. Двајца разбојници го скршиле стаклото од неговата куќа и влегле во домот на  фудбалерот.

Али во тој момент играл билијард заедно со неговиот брат и неколку пријатели како и нивните девојки.

Тој добил расекотина на лицето откако се обидел да ги спречи разбојниците кои украле накит и часовник, а потоа заминале во непознат правец.

Според кажувањата на пријателите, Али бил многу вознемирен од настанот. Полицијата го истражува случајот.