Поранешниот дефанзивец на Динамо (З) и наш поранешен репрезентативец Гоце Седлоски, денеска и официјално е промовиран во нов тренер на вториот тим на Динамо. Тој на клупата го наследи Игор Јовишевиќ, кој го презеде првиот тим.

Седлоски од 2015 до 2017 година беше тренер на Вардар, со кого освои две шампионски титули и Суперкупот. Тој го водеше тимот и во два натпревари од 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите во јули 2016 година во натпреварите против Динамо (З).

Поранешниот популарен капитен на „модрите“ оствари 302 настапи за клубот од „Максимир“ и постигна 36 голови, што е импресивна статистика за дефанзивец. Тој освои осум трофеи со Динамо додека беше активен на теренот.